Речиси 40 000 мигранти се обиделе илегално да влезат во Полска од Белорусија минатата година, соопшти полската гранична служба.
Вкупно 44 лица се обиделе илегално да ја преминат полско-белоруската граница на последниот ден од 2021 година, се наведува во соопштението.
Поточно, во 2021 година се регистрирани дури 39 700 обиди за илегално преминување на границата, од кои 1 700 во декември.