Претседателите на САД и на Русија, Џо Бајден и Владимир Путин денеска ќе разговараат телефонски, соопштија Белата куќа и Кремљ.

Белата куќа соопшти дека Бајден и Путин ќе разговараат за актуелните теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Москва.
Според соопштението, администрацијата на Бајден е вклучена во сеопфатна дипломатија со своите европски сојузници и партнери, консултирајќи и координирајќи заеднички пристап како одговор на военото присуство на Русија на границата со Украина.