За нови потпретседатели на партијата избрани се: Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Фатмир Битиќи
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, по вечерашната седница на Централниот одбор (ЦО), на прес-конференција ги објави имињата на членовите на новото партиско раководство.
Миле Зечевиќ е новиот генерален секретар на партијата, нов организационен секретар Вангел Андревски, а Бојан Маричиќ ќе биде секретар за меѓународна соработка. Сања Лукаревска ќе остане заменик-претседателка на партијата.
За нови потпретседатели на партијата избрани се: Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Фатмир Битиќи.
Како што најави Ковачевски, во Извршниот одбор на партијата се: Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стевановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, Никола Рилак.
Ковачевски најави дека партијата ќе се реформира и реорганизира, а истакна и дека ќе се формира советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, со цел да ги надгледува проектите на партијата, а со него ќе раководи Игор Ивановски.