По пукањето, напаѓачот се вратил во својот бел камион и со голема брзина се оддалечил од местото на настанот

Убиени се три лица, додека едно лице е тешко рането во пукање во градот Гарланд во американската сојузна државa Тексас, а осомничениот побегнал од местото за настанот и во тек е полициска потрага по него, соопштила локалната полиција, пренесува „Ен-Би-Си Њуз“.
Според овие информации, ранетото лице е префрлено во болница со тешки повреди. Полицајците излегле на местото на настанат и во продавница ги пронашле телата на загинатите.
На снимката од камерите во продавниците биле забележани четири мажи во продавницата, а потоа било забележано како влегува уште еден маж кој почнал да пука со пиштол, пишува во полициското соопштение.
По пукањето, напаѓачот се вратил во својот бел камион и со голема брзина се оддалечил од местото на настанот, а полицијата се уште трага по него, јавуваат американските медиуми.