Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, утрово поднел оставка од функцијата потпретседател во партијата.
Спасовски денеска на брифинг со новинарите информира и дека вечерва ќе учествува на седницата во СДСМ и оти претходно најавил дека новиот мандатар кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата треба да си состави нов тим.
Спасовски рече дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после 1 јануари ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.
Седницата на Централниот одбор на СДСМ е најавена за вечер со почетокот во 19 часот во седиштето на партијата. Се очекува на ЦО новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер, како и да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ.