Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, наместо да ги зголеми, ги намалува парите за животна средина. И тоа за трипати помалку, реагираше СДСМ за предлог-буџетот на Град Скопје за 2022 година.
„Ова е уште една во серијата погрешни одлуки на Данела Арсовска на штета на скопјани. За Секторот за животна средина за 2022 година во предлог-буџетот на Град Скопје предвидени се 73 милиони денари. Трипати помалку од буџетот за оваа година, кога поранешниот градоначалник Петре Шилегов обезбеди 213 милиони денари. Во кампањата Арсовска ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозагадувањето. Буџетот за 2022 покажува дека тоа било само една од многуте предизборни лаги на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска“,
рече Стефан Васев од СДСМ.
Ова според СДСМ е сериозен удар врз капацитетите за борба против загадувањето на животната среди и, како што велат од партијата, со ваков пристап на градоначалничката Скопје долго ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот.