Преку лажни податоци за стоката што ја поседува, жена од селото Топлице зела земјоделски субвенции, соопштија од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар.
„Нерегуларностите во поглед на бројната состојба и ушните маркици на стоката биле утврдени при контрола од овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој спроведена на 16 септември“,
објаснуваат од ОЈО Гостивар.
Жената се товари за делото измама и за неа обвинителството бара судот да ѝ одреди парична казна.
