Истрагата сега е насочена кон група вработени кои работат во приватен центар за тестирање во кантонот Сен Гален, бидејќи тие имале пристап до националниот систем за сертификати за вакцинација
Повеќе од 8 000 фалсификувани сертификати за вакцинација се издадени во швајцарскиот кантон Сент Гален, соопшти регионален претставник.
Истрагата сега е насочена кон група вработени кои работат во приватен центар за тестирање, бидејќи тие имале пристап до националниот систем за сертификати за вакцинација.
Осомничените ќе треба да платат одредена сума или ќе се соочат со казна затвор до пет години.
Оние што платиле големи суми за лажни потврди за вакцинација добиле и казни или морале да платат одредена сума, велат од кантоналната управа.
Со стапка на вакцинација од околу 61 отсто од населението, Сент Гален е еден од швајцарските кантони со најмал број вакцинирани жители.
Во цела Швајцарија се вакцинирани речиси 67 проценти.