Од МВР најавуваат дека по документирање на случаите ќе поднесат и пријави

МВР денеска запленила околу 8 000 парчиња пиротехнички средства во два одделни претреси во Тетово и во селото Каратманово, Општина Лозово.
Во едниот случај, на градскиот плоштад во Тетово било приведено 25 годишно момче кај кого се најдени околу 5 000 парчиња пиротехника, поради сомнение за нелегална трговија.
„Во 16:30 часот од страна на полициски службеници од Тетово при преземање мерки по план за откривање на лица кои продаваат пиротехнички средства, на плоштадот во Тетово е лишен од слобода Р.Ш. (25) од Тетово, кој бил затекнат при продажба на пиротехнички средства. Запленети се околу 5 000 парчиња пиротехника и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок“,
изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Останатите околу 3 000 парчиња, пак, се запленети во Каратманово кај 55-жител на селото. Кај него бил извршен претрес поради сомнение за недозволена трговија со пиротехнички средства при што тие биле пронајдени и запленети.
Од МВР најавуваат дека по документирање на случаите ќе поднесат и пријави.