Тие се меѓу наградените обвинителите и истражителите кои добија дипломати и благодарници за нивната висока професионалност и беспрекорно извршување на службената должност во 2021 година
Главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев награди тим истражители од бугарската национална истражна служба и обвинители кои работат на истрагата за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ со автобусот на „Беса транс“, во која загинаа 45 македонски граѓани, јави МИА од Софија.
Тие се меѓу наградените обвинителите и истражителите кои добија дипломати и благодарници за нивната висока професионалност и беспрекорно извршување на службената должност во 2021 година.
Наградени се и истражителите во меѓународна операција за откривање на мрежа за детска порнографија која генерирала повеќе од 9,5 милиони долари приход во текот на неколку години. Бугарските истражители, исто така, добија награди за нивната заедничка операција со ФБИ за сузбивање на сајбер-криминалот, кој предизвика штета од повеќе од 46 милиони долари на поединци и институции во 27 земји.
Обвинителите и истражителите од Специјализираното обвинителство на Бугарија беа наградени со дипломи за истрага на организирани криминални групи кои се занимавале со финансиски криминал, перење пари, трговија со луѓе, трговија со дрога и други кривични дела.