Земјотрес со јачина од 3 Рихтерови степени е регистриран денеска во 11:49 часот со епицентар на подрачјето Свети Николе – Штип, 65 километри југоисточно од Скопје, соопшти попладнево Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда 3.0, а беше почувствуван од населението на Свети Николе, Кочани, Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“,
информираа од Опсерваторијата.