Арсовска и компанијата „Линк медиа“потпишаа меморандум за соработка за китењето на градот без паричен надомест
Новогодишното украсување на Скопје започна 15 дена пред Нова година. На плоштадот „Македонија“ се поставува новогодишната елка, а се китат и дел од улиците.
„Централното градско подрачје, плоштадот ‘Македонија’, улицата ‘Димитрија Чуповски’ и булеварот ‘Илинден’ од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања. Денеска се поставува и новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот ‘Македонија’“,
велат од Градот.
Претходно, според објаснувањето, поради енергетската криза градоначалничката на Скопје, Арсовска го раскина договорот со компанијата „Линк медиа“ која требаше да го украсува градот за износ од околу 243 000 евра, по што од компанијата се нафатија за бесплатно китење на главниот град. Арсовска и „Линк медиа“ потоа потпишаа и меморандум за соработка за новогодишното украсување.
Китењето на градот според претходната изјава на Арсовска требаше да започне на 10 декември, но започна со неколку дена задоцнување.