
Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи чии цени ќе останат „замрзнати“, информираше на својот Фејсбук профил мнистерот за економија Крешник Бектеши.
„Листата се проширува на три нови основни прехранбени производи: Ориз, јајца и тестенини. Оваа одлука е со цел да се спречи натамошното пореметување на пазарот во поглед на снабдувањето на населението со основните прехранбени производи“, се вели во одлуката на Владата.
Со оваа оваа одлука исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година, а одлуката за замрзнување на производите ќе важи до 31 јануари 2022 година.
Владата на 4 декември донесе одлука за замрзнување на цените на некои од основните прехранбени продукти, како леб, шеќер, брашно, сончогледово масло за јадење, млеко, сувомесни производи, сирење и урда, а со оваа одлука тоа значи дека листата е продолжена за уште три продукти.