Министерството за финансии е задолжено на утрешната седница на Владата да достави законско решение со новите кредитни услови за предвиденото репрограмирање

Владата на денешната седница донесе законско решение за репрограмирање на кредитните услови за заемот за гасификација, стои во официјалното соопштение.
На денешната седница е одобрен предлогот на Министерството за финансии за репрограмирање на кредитни услови на АД „Национални енергетски ресурси“ Скопје во државна сопственост, о однос на заемот за финансирање на проектот „Гасификација на Република С Македонија“, добиен од Дојче Банка и Ерсте Банка.
Согласно оваа одлука, Министерството за финансии е задолжено на утрешната седница на Владата да достави законско решение со новите кредитни услови за предвиденото репрограмирање и откако ќе биде утврдено на владината седница, да биде испратено до Собранието на усвојување.
