Во моментов активни се 5 539 случаи. Најголем дел се во Скопје – 2 714. Дебар е единствениот град без активен случај во моментов

Во последните 24 часа направени се 1 211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.
Регистрирани се 265 оздравени пациенти од: Скопје – 128, Битола – 34, Крива Паланка – 14, Прилеп – 12, Валандово и Крушево – по 9, Ресен – 7, Кавадарци и Делчево – по 6, Велес, Куманово, Тетово и Штип – по 5, Неготино, Кочани и Радовиш – по 3, Гевгелија, Струмица, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Кратово – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 80г и 86г) и по едно починато лице од Прилеп (72г), Битола (55г), Валандово (71г), Македонски Брод (66г) и Кичево (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219 490, бројот на оздравени пациенти е 206 211, на починати е 7 740, а бројот на активни случаи изнесува 5 539.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 96 133, Активни 2 714
- Куманово 13 005, Активни 170
- Тетово 11 374, Активни 85
- Прилеп 10 464, Активни 336
- Битола 8 960, Активни 457
- Гостивар 8 081, Активни 21
- Велес 7 398, Активни 171
- Кавадарци 7 190, Активни 251
- Штип 6 655, Активни 99
- Охрид 6 603, Активни 222
- Струмица 6 185, Активни 122
- Кичево 4 255, Активни 57
- Кочани 4 061, Активни 100
- Струга 3 915, Активни 29
- Гевгелија 2 840, Активни 80
- Неготино 2 594, Активни 45
- Свети Николе 2 135, Активни 41
- Крива Паланка 1 920, Активни 56
- Ресен 1 776, Активни 54
- Радовиш 1 770, Активни 60
- Берово 1 470, Активни 42
- Дебар 1 456, Активни 0
- Делчево 1 440, Активни 82
- Виница 1 164, Активни 15
- Пробиштип 1 130, Активни 23
- Валандово 968, Активни 33
- Кратово 782, Активни 23
- Богданци 657, Активни 26
- Демир Хисар 624, Активни 47
- Крушево 597, Активни 23
- Македонски Брод 512, Активни 15
- Демир Капија 426, Активни 2
- Македонска Каменица 423, Активни 24
- Пехчево 355, Активни 7
- Дојран 172, Активни 7
