Сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на се отстранети. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места, соопштија од АД МЕПСО.
Оттаму велат дека причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежни врнежи.



„Сите дефекти во преносната мрежа се отстранети и обезбедено е редовно напојување со електрична енергија во делот на АД МЕПСО. На овој начин нормализирано е снабдувањето со електрична енергија за жителите на Дебар, Ресен, Охрид и Струга, и околните населени места откако претпладнево поради невремето и снежните врнежи без напон останаа 110кV далекувод Вруток шпиље и 110кV далекувод Битола Ресен“,
велат од МЕПСО.
Оттаму додаваат и дека за санирање на ситуацијата со далекуводите веднаш излегле на терен над 30 стручни лица со потребна механизација.