Министерот за здравство Венко Филипче објави дека е завршена гасификацијата на Општата болница во Куманово, со што, оваа здравствена установа целосно ќе се загрева со природен гас.
Филипче вели дека 28 објекти од здравствениот сектор ќе станат енергетско-ефикасни.
„Во тек се проекти за енергетска ефикасност на 28 објекти од здравствениот сектор. Во проектот се опфатени Клиниката за физикална медицина, во Козле, ЗД во Валандово, Кратово, Крива Паланка, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Св. Николе, Штип, Поликлиника Идадија во Скопје, УК за Психијатрија, како и повеќе здравствени институции, станици во селата Карбинци, Пештани, Белчишта, Бучин, Герман, Ранковце, Зрновци, Блатец и Извор“,
стои во објавата на фејсбук профилот на министерот.