На состанокот ќе се разговара и за билатералните односи помеѓу двете земји
Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, во вторник на 7 декември ќе остварат онлајн видео средба, соопшти Кремљ.
Русија уште пред неколку дена извести за средбата, но не откри кога точно ќе биде остварена.
Од Кремљ за „Ројтерс“ информираа дека Бајден и Путин ќе разговараат за актуелната состојба со Украина.
На состанокот ќе се разговара и за билатералните односи и примена на договорите постагните за време на средбата на двајцата лидери во Женева во јуни оваа година.