Според помошникот на Путин, состанокот ќе се одржи за неколку дена, а по патувањето на рускиот претседател за Индија следната недела
Јуриј Ушаков, помошникот на Владимир Путин, изјави дека видеоразговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се одржи по патувањето на рускиот претседател во Индија, планирано за следната недела.
Ушаков не прецизираше кога точно ќе се одржи видеоповикот меѓу двајцата претседатели, нагласувајќи дека сè уште се работи на последните детали за разговорите.
„Состанокот ќе се одржи за неколку дена. Веќе имаме конкретен датум и време за видеоконференцијата. Но подобро е да се почека сите подготовки да бидат целосно договорени со американската страна. Тогаш ќе имаме можност да излеземе со официјално соопштение“,
рече Ушаков.
Тој рече дека двајцата лидери ќе разговараат за напредокот во спроведувањето на договорите кои двајцата ги постигнаа во Женева во јуни, за „незадоволителните“ билатерални врски, „Авганистан, Иран, Либија, кризата во Украина и дијалогот за стратешка стабилност“.