Анализата покажала и дека вакцинираните кои починале од ковид имале повеќе комбинирани хронични болести

Анализата на Министерството за здравство направена во период од 6 август до 2 декември покажува дека е голема бројката на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19.
За вакцинирани во оваа анализа се сметаат лицата кои ги примиле и двете дози и кај кои поминале 14 дена од примањето на втората доза.
„Во период од 6.8 до 02.12.2021 на територија на државата 60 772 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 19 025 лица. Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани“,
стои во анализата на МЗ.
Во однос на смртноста, анализата покажува дека и таа е значително поголема кај невакцинираните. Па така, во споменатиот период од вкупната бројка на починати од коронавирусот дури 79 отсто не примиле вакцина, а 21 отсто биле вакцинирани.
Анализата покажала и дека вакцинираните кои починале имале повеќе комбинирани хронични болести.
МЗ повторно испрати апел за помасовна вакцинација на граѓаните, укажувајќи дека на тој начин ќе се влијае и врз ширењето на мутациите на вирусот.