Се отвора постапка и за самокандидатури, во кои што треба членството да исфрли кандидат, а не да пишуваме ние кандидатури со самокандидирање и да се правиме сами претседатели пред време, вели кумановскиот градоначалник
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во изјава на ТВ21 вели дека нема намера да се кандидира за лидер на СДСМ, бидејќи смета дека ваквиот систем на кандидирање не е според Статутот на партијата.
„Има постапка утврдена согласно Статутот. Се одредуваат состаноци на месни организации, општински организации и се даваат предлози, самите предлози потоа ги потврдуваат општинските организации и на крајот, значи се отвора постапка и за самокандидатури, во кои што треба членството да исфрли кандидат, а не да пишуваме ние кандидатури со самокандидирање и да се правиме сами претседатели пред време“,
изјави Димитриевски за ТВ 21.
Пред десетина дена градоначалник на Шуто Oризари, Курто Дудуш, на својот профил на Фејсбук објави фотографија со актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски со порака: Иден претседател на СДСМ и мандатар за нова влада, Максим Димитриевски?
Неколку дена претходно, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 најави дека партијата ќе се обиде да го врати Максим Димитриевски во своите редови.
„Ќе се обидеме да направиме сè, да“,
рече тогаш Николовски.
Властимир Алексовски, кој е член и активист на СДСМ од Општинската организација на партијата во Куманово денеска поднел кандидатура за претседател, соопштија попладнево од СДСМ.
Досега, официјално кандидатури поднесоа актуелниот заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски, и поранешната пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски. Можна кандидатура најавија и долгогодишниот организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
- Ременски истрча пред Ковачевски во изборниот ринг во СДСМ
- Ковачевски се кандидира за лидер на СДСМ со програма „Заедно, одговорно и посветено“
- Миле Зечевиќ најави можна кандидатура за лидер на СДСМ
- Деспотовски сериозно размислува да им биде противкандидат на Ременски и Ковачевски во трката за лидер на СДСМ