Досега, официјално кандидатури поднесоа актуелниот заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски, и поранешната пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски. Можна кандидатура најавија и долгогодишниот организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски
Трета официјална кандидатура за партиски претседател денеска пристигнала до Централната изборна комисија на СДСМ, објави од партијата.
Кандидатура поднел Властимир Алексовски, кој е член и активист на СДСМ од Општинската организација на партијата во Куманово.
„По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата. Секако, ова се однесува на сите поднесени кандидатури“,
соопштија од СДСМ.
Рокот за поднесување кандидатури истекува утре во 16 часот. Досега, официјално се поднесени уште две кандидатури: од актуелниот заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски, и поранешната пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски. Тие кандидатурите ги поднесоа вчера.
- Ременски истрча пред Ковачевски во изборниот ринг во СДСМ
- Ковачевски се кандидира за лидер на СДСМ со програма „Заедно, одговорно и посветено“
Можна кандидатура најави и долгогодишниот организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, како и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.