Станува збор за помал пожар, во чие гаснење брзо се вклучија припадници на Противпожарната заштита





Помал пожар избувна вечерва во бараки во населбата Тафталиџе во скопски Карпош.
Според информациите од терен, пожарникарите брзо реагираа и се уште го гаснат огнот кој ги зафати бараките каде што порано беше сместен Институтот за социолошки и политичко правни истражување.
Засега нема информации за последиците од пожарот и за материјалната штета.