Во Германија две лица се заразени со новата варијанта, а тоа се патници кои дошле од Јужна Африка, каде за прв пат и е откриен сојот. Во Италија е откриен случај на лице кое се вратило од Мозамбик, соопштија тамошните власти
По Белгија вчера и Велика Британија денеска, Италија и Германија ги пријавија првите заразени случаи со новиот вид на коронавирус наречен омикрон.
Во Германија две лица се заразени со новата варијанта, а тоа се патници кои дошле од Јужна Африка, каде за прв пат и е откриен сојот.
Во Италија е откриен случај на лице кое се вратило од Мозамбик, соопштија тамошните власти.
Италија во петокот го забрани влезот на граѓаните кои беа во Јужна Африка во следните две недели.
Побарано е лицата кои неодамна престојувале во областа и веќе пристигнале во Италија да се обратат до санитарните власти за тестирање и да одат во самоизолација десет дена по што повторно треба да направат тест.
Во Велика Британија потврдени се два случаи на инфекција со новиот вид коронавирус, омикрон, поради што британската влада објави дека воведува нови мерки за сузбивање на ширењето на инфекцијата со овој вид на коронавирус.
Претходно, вчера Белгија отврди дека има еден случај.
Холандија испитува дали 61 патник позитивен на коронавирус кои дошле од Јужна Африка го имаат новиот сој.