Новиот вид на коронавирус првпат го идентификуваа јужноафриканските научници, но не е сигурно дека се појавил во Јужна Африка
Во Велика Британија потврдени се два случаи на инфекција со новиот вид коронавирус,омикрон, за кој се верува дека е позаразен, додека многу земји веќе ги забранија летовите со јужноафриканските земји каде што е откриен и раширен овој нов сој во последните 14 дена.
Британската влада објави дека воведува нови мерки за сузбивање на ширењето на инфекцијата со овој вид на коронавирус.
Мерките вклучуваат ПЦР тестирање на сите кои влегуваат во земјата, како и построга контрола на носењето заштитни маски, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.
Британскиот министер за здравство Саџид Џавид потврди дека две лица се позитивни на сојот омикрон.
Еден случај е откриен во Челмсфорд, другиот во Нотингем кај луѓе кои патувале во Јужна Африка, рече Џавид.
Тој рече дека патниците кои пристигнуваат од Ангола, Малави, Мозамбик и Замбија ќе мора да бидат во 10-дневен карантин.
Владата на Јужна Африка изрази незадоволство од „казнувањето“ на таа земја по одлуката на многу земји да ги затворат границите за патниците од Јужна Африка, каде што беше откриен нов вид на омикрон.
Новиот вид на коронавирус првпат го идентификуваа јужноафриканските научници, но не е сигурно дека се појавил во Јужна Африка.
Британија е втората земја во Европа каде се открини заразени со новиот сој. Претходно, вчера Белгија отврди дека има еден случај.
Холандија испитува дали 61 патник позитивен на коронавирус кои дошле од Јужна Африка го имаат новиот сој.