Комисијата за надворешни работи на шпанскиот Конгрес на 20 февруари ќе одлучува за ратификација на Протоколот за зачленување на С Македонија во Северно Атланската Алијанса.
На дневниот ред на првото наредно заседание на Комисијата кое е закажано за четврток, давањето мислење за Протоколот меѓу НАТО и С Македонија потпишан во Брисел на 6 февруари 2019-та е ставено како четврта точка.
Претседателството на Конгресот на Шпанија инсистира на скратување на роковите и забрзана процедура за донесување на одлуката.
Откако ќе го прими задолжителното мислење од Комисијата, претседателката Меритцел Батат Ламања ќе треба да го вметне во распоредот на сесии на конгресниот пленум.
Веднаш по изгласувањето од Конгресот, процедурата продолжува во Сенатот, каде исто така постапката се води во две фази. По нивното успешно завршување, обврска на Шпанија е да го депонира ратификацискиот инструмент во депозитарот во Стејт департментот во Вашингтон и со тоа да го заокружи процесот на потврда на членството на Северна Македонија во НАТО.
Властите во Мадрид уверуваат дека целата процедура ќе заврши до средината на наредниот месец.