Бундеслигашот Баерн Минхен одлучи да им ги намали месечните примања на своите фудбалери, кои одбија да се вакцинираат против коронавирусот, јави агенцијата ДПА.
Раководството на германскиот првак се одлучи на таков чекор поттикнат од ситуацијата поврзана со својот играч Џошуа Кимих, кој во моментов е во карантин по близок контакт со лице заразено со ковид-19.
Кимих, кој не е вакциниран, за краток период по втор пат е во самоизолација.
Весникот „Билд“ објави дека меѓу невакцинираните фудбалери во таборот на Баерн се и Серж Гнабри, Џамал Мусала, Ерик Максим Чупо – Мотинг и Микаел Куисанс.