Нередите на протестите на кои присуствуваа десетици илјади луѓе настанаа откако дел од демонстрантите почнаа да фрлаат со камења и тврди предмети кон полицијата
Со солзавец и водени топови полицијата ги растеруваше демонстрантите на денешните протести во Брисел против корона-мерките.

Нередите на протестите на кои присуствуваа десетици илјади луѓе настанаа откако дел од демонстрантите почнаа да фрлаат со камења и тврди предмети кон кордонот со полицајци, по што тие возвратија со солзавец и водени топови.
Демонстрациите, под мотото „Заедно за слобода“, главно беа насочени против мерката забрана за невакцинираните да влегуваат во места како што се ресторани и барови.


Со цел да се спречи четвртиот бран на пандемијата на коронавирусот, белгиските власти во четвртокот донесоа одлука да работат од дома четири дена во неделата. Во Белгија досега беше на сила само препораката за работа од дома за да се намали преносот на вирусот меѓу вработените. Од вчера стапи на сила обврската за работа од дома каде што е можно.
Breaking: Riots are ongoing in Brussels, Belgium, during anti-lockdown demonstrations. pic.twitter.com/iTapfL93Rc
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) November 21, 2021