Засега непознати се причините за настанување на пожарот, а семејствата бараат сместување, бидејќи како што велат, во огнот им изгореле покуќнината и сиот имот

Во пожар што избувна утрово на улицата „Илинденска“ во Гостивар, целосно изгореа четири бараки, јави дописникот на МИА од Гостивар.
Во огнената стихија нема настрадани.
Според првичните информации на жителите и очевидци, огнот се појавил утрово околу 5 часот и брзо се раширил. Од огнот настрадаа домовите на осум семејства од кои најголемиот дел се социјални случаи. Непознати се причините за настанување на пожарот, а семејствата бараат сместување, бидејќи како што велат, во огнот им изгореле покуќнината и сиот имот.
Поради староста на објектите и запаливиот материјал, интервенцијата на пожарникарите не била ефикасна, иако огнот бил брзо локализиран.