Доколку во мнозинството остане и пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој оневозможи гласање недоверба на Владата, тогаш со евентуалниот влез на Алтернатива мнозинството би изнесувало 64 пратеници
Денеска попладне во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи најавената средба помеѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на досега опозициската Алтернатива, Африм Гаши.
Тема на разговор ќе биде можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.
Вчера во изјава за „Слободен печат“, еден од четворицата пратеници на Алтернатива, Скендер Реџепи, рече дека начелно верува оти органите на партијата ќе одлучат да станат дел од Владата.
Доколку во мнозинството остане и пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој оневозможи гласање недоверба на Владата, тогаш со евентуалниот влез на Алтернатива мнозинството би изнесувало 64 пратеници.