Починатите биле на возраст од 61 до 85 години.
Во моментов активни се 8 331 случај од кои 3 810 се во Скопје

Во последните 24 часа направени се 1 483 тестирања, а регистрирани се 172 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 107, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип – по 6, Велес и Струга – по 5, Струмица – 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија – по 1.
Регистриран e 381 оздравен пациент од: Скопје – 145, Битола – 42, Куманово – 30, Штип – 22, Кавадарци – 21, Велес – 20, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Прилеп – 12, Тетово – 10, Кичево и Берово – по 8, Свети Николе и Неготино – по 5, Кратово и Делчево – по 4, Охрид, Богданци и Радовиш – по 3, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71 г, 72 г и 75 г) и по едно починато лице од Битола (65г), Берово (63г), Струга (85г), Струмица (65г) и Македонска Каменица (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209 449, бројот на оздравени пациенти е 193 781, на починати е 7 337, а бројот на активни случаи изнесува 8 331.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 91 523, активни 3 810
- Куманово 12 638, активни 331
- Тетово 11 221, активни 211
- Прилеп 9 877, активни 441
- Битола 8 094, активни 621
- Гостивар 8 042, активни 48
- Велес 7 090, активни 350
- Кавадарци 6 659, активни 345
- Штип 6 425, активни 236
- Охрид 6 291, активни 238
- Струмица 5 979, активни 117
- Кичево 4 186, активни 98
- Струга 3873, активни 57
- Кочани 3 817, активни 226
- Гевгелија 2 683, активни 149
- Неготино 2 492, активни 80
- Свети Николе 2 071, активни 75
- Крива Паланка 1 792, активни 158
- Радовиш 1 671, активни 76
- Ресен 1 656, активни 92
- Дебар 1 453, активни 3
- Берово 1 314, активни 46
- Делчево 1 273, активни 107
- Виница 1 124, активни 44
- Пробиштип 1 093, активни 64
- Валандово 877, активни 22
- Кратово 719, активни 70
- Богданци 612, активни 27
- Крушево 571, активни 24
- Демир Хисар 556, активни 77
- Македонски Брод 483, активни 5
- Демир Капија 418, активни 9
- Македонска Каменица 386, активни 54
- Пехчево 334, активни 11
- Дојран 156, активни 9