Во изјава за медиумите пред Собранието, лидерот на Левица рече дека според него потребно е опозицијата да ги радикализира методите
Лидерот на Левица Димитар Апасиев вечерва изјави дека ситуацијата е алармантна и дека со денешните случувања демократијата е парализирана. Во изјава за медиумите пред Собранието, Апасиев рече дека според него потребно е опозицијата да ги радикализира методите.
„Јас сум на тој став, бидејќи очигледно тие ги користат сите лостови на власта за да оневозможат демократска транзиција на власта и мислам дека треба опозицијата да размисли за радикализација на методите. Тоа значи протести, блокади, парализа на Собранието. Само по себе законодавниот дом веќе не постои, веќе знаете – ситуацијата е 60:60. Тие со вакви методи може да стигнат и до 90“,
изјави Апасиев.