Според Downdetector, проблемите со Инстаграм главно се поврзани со работата на апликацијата, како и поврзувањето со серверот и вчитувањето на страницата. Проблемите на Фејсбук, пак, главно се поврзани со работата на страницата и тешкотиите при логирање на профилите
Корисниците на Инстаграм и Фејсбук од голем број земји денеска повторно се пожалија на големи прекини, објави интернет страницата Downdetector, која ги следи прекините и неправилностите во работата на популарните интернет мрежи.

Проблеми најчесто пријавуваат корисници од САД, Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Полска, Русија и други земји.
Според Downdetector, проблемите со Инстаграм главно се поврзани со работата на апликацијата, како и поврзувањето со серверот и вчитувањето на страницата. Проблемите на Фејсбук, пак, главно се поврзани со работата на страницата и тешкотиите при логирање на профилите.
Овие две социјални мрежи, како и апликацијата WhatsApp, доживејаа крах на 4 октовмри кога беа недостапни за голем број на корисници во земјава и генерално, на целата планета.
Големиот „пад“ на овие три сервиси, сите во сопственост на Фејсбук, се случчија набрзо по објавувањето на интервјуто со Францес Хауген, поранешна вработена во Фејсбук, на американсата ТВ емисија „60 минути“. Хауген откри дека таа е „свиркачот“ кој во изминатите месеци испрати доверливи информации до медиумите дека компанијата давала приоритет на профитот пред безбедноста на мрежата.
Откако на сите им стана јасно дека не станува збор за мал проблем, дел до големите светски медиуми тргнаа во „потрага“ по причините за „падот“ – грешка во конфигурацијата, што пак може да е последица на внатрешна грешка или, пак, саботажа од вработен во компанијата.
Ден потоа од компанијата соопштија дека „погрешната промена на конфигурацијата“ е причина за речиси шестчасовната блокада, која спречи 3,5 милијарди корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки.