Бројот на активни случаи во земјава изнесува 6 292, од кои најмногу во Скопје, 3 150 лица
Во денешната статистика за починати како последица од ковид-19, ќе бидат запишани 17 лица, од кои 12 починале во изминатите 24 часа, а пет се од изминатите 11 дена.
Од починатите во изминатото деноноќие, 6 сеод Куманово(89г,85г,71г,71г,58г и 52г), 4 починати лица од Прилеп (85г,77г,68г и 61г) и по едно починато лице од Кавадарци (69г) и Велес (62г). Од пријавени лица 11 се починати во болнички услови, а само едно лице е починато дома.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од пријавени лица, тројца се починати во домашни услови,а две лица се починати во болнички услови.
Направени се 4 151 тестирањe, а регистрирани се 482 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 194, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26,Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19,Тетово – 13, Струмица и Крива Паланка – 11, Свети Николе – 10, Пробиштип – 9, Охрид – 7, Гевгелија и Берово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Гостивар и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Радовиш,Виница, Кратово и Демир Хисар – по 2, Делчево, Богданци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.
Оздравени се 280 пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199 539,бројот на оздравени пациенти е 186 211, на починати е 7 036, а бројот на активни случаи изнесува 6 292, од кои најмногу во Скопје, 3 150 лица.