38 отсто од целата популација во државата примила барем една доза од вакцината против ковид-19, а ревакцинирани се 35 отсто од граѓаните
Само во текот на вчерашниот ден трета доза вакцина против ковид-19 примиле 4 720 граѓани што е повеќе од 45 отсто одвкупниот број лица кои досега добиле „бустер“ доза – 10 386.
Според податоците на Министерството за здравство, вчера се аплицирани и 638 дози како прва доза, а 1 472 граѓани се ревакцинирани. Заклучно со овие податоци, во земјава вкупно се вакцинирани 801 326 лица, а ревакцинирани се 769 356.
Изразено во проценти, опфатот со вакцинација барем со една доза на полнолетното население во државата е 57 отсто. Со две дози, пак, вакцинирани се 46 отсто од граѓаните над 18 години.
Ако се земат предвид и малолетниците, тогаш 38 отсто од целата популација примила барем една доза, а ревакцинирани се 35 отсто од граѓаните.