Според шефот на дипломатијата, евентуално одвојување на двете земји не е одлука што зависи од нас, ама, како што вели, треба да се има предвид дека дека процесот е цикличен и може да се смени во обратна насока
Одвојувањето на Северна Македонија и Албанија не зависи од нас, тоа e одлука на ЕУ. Процесот формално се заснова на индивидуални заслуги. Меѓутоа, отсекогаш била проценката дека се добива синергија, една сила повеќе доколку двете земји продолжуваат заедно, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Toj нагласи дека никогаш не бил поборник на одвојувањето, бидејќи, како што рече, овие процеси се циклични и може да се сменат во обратна насока.
„Се сеќавате дека во 2019 година беше обратна ситуацијата. Дали Северна Македонија треба да продолжи, а Албанија заостана затоа што ги немаше тогаш исполнето условите. Имаше и меѓу нас такви кои лобираа Северна Македонија да се одвои. Отсекогаш сум предвидел дека овие процеси се циклични и може да се сменат во обратна насока“,
изјави Османи.
Важно е, посочи тој, поради многу причини и ќе даде поттик на целокупната регионална интеграција, доколку Албанија и Северна Македонија се држат заедно и ги почнат преговорите заедно, сега при крајот на годината, во текот на словенечкото претседателство, а потоа, како што рече, секој со својата среќа и брзина што ќе ја наметне.
„Но, мислам дека почетокот е важен затоа што Комисијата потврдува дека двете држави ги исполнуваат условите. И навистина би било лоша пораки ако поради прашања кои не се поврзани со ЕУ едната држава не продолжи. Мислам дека тоа ќе создаде значителен удар на кредибилитетот на европските интеграции во државата и во регионот“,
рече Османи.
