Пред неколку дена, германските власти објавја дека од понеделник и брзите тестови за невакцинираните веќе нема да бидат бесплатни, освен за деца, бремени жени и луѓе на кои не им е дозволено да се вакцинираат од медицински причини
Во исто време, тоа е цената на секое излегување за оние кои не ја примиле вакцината, бидејќи ќе им треба негативен тест каде и да одат, без разлика дали станува збор за кафе со пријатели или за одење на фризер
Германија, ги заостри мерките за невакцинирани граѓани. Новите правила предвидуваат дека невакцинираните граѓани ќе останат без надоместоци за болест ако добијат корона, откако пред неколку дена и тестовите веќе не се бесплатни.
Претходно, оние лица кои требаше да бидат ставени во карантин по враќањето од странство, доколку биле во контакт со некој што беше заразен или ако самите се заразени со корона, добиваа плата, иако беа на боледување. Но, од 1 ноември, ова повеќе нема да важи за сите, односно невакцинираните вработени нема да добиваат надомест за периодот што го поминуваат на боледување или во карантин.

Пред неколку дена, германските власти објавја дека од понеделник и брзите тестови за невакцинираните веќе нема да бидат бесплатни, освен за деца, бремени жени и луѓе на кои не им е дозволено да се вакцинираат од медицински причини. Цената на тестовите во Германија е од 10 до 25 евра. Во исто време, тоа е цената на секое излегување за оние кои не ја примиле вакцината, бидејќи ќе им треба негативен тест каде и да одат, без разлика дали станува збор за кафе со пријатели или за одење на фризер.
Некои критичари тврдат дека оваа мерка ќе ги погоди сиромашните, бидејќи богатите граѓани кои се скептични за вакцините ќе можат да платат за тестирање без никакви проблеми, додека сиромашните ќе страдаат неспоредливо повеќе поради оваа одлука. Досега, во Германија, секој граѓанин можеше да се тестира за коронавирус еднаш неделно бесплатно во една од бројните аптеки, ординации или импровизирани центри за тестирање, или префабрикувани куќи или контејнери поставени на прометни места.
Целта не е условување
Јенс Шпан, германскиот министер за здравство, жестоко ја брани оваа одлука.
„Зошто другите треба да платат за фактот дека некој одлучил да не се вакцинира?“,
праша тој и нагласи дека не сакаат да условуваат и дека право на секој граѓанин да одлучи да не се вакцинира
Неговата Христијанско -демократска партија (ЦДУ) остро се противи на задолжителната вакцинација.
„Не се работи за притисок, туку за правда“,
додаде Јенс.
Тој додава дека е „фер кон даночните обврзници“ државата повеќе да не плаќа за тестирање на оние што можат, но нема да се вакцинираат. Досега се потрошени околу 3,5 милијарди евра за вакцини и за самиот процес на вакцинација во Германија.
Од друга страна, синдикатот на лекарите предупредува дека укинувањето на бесплатните тестови значи дека помалку луѓе со симптоми ќе бидат тестирани во иднина.
„Ова е отворена порта за нов бран на вируси“,
рече Сузана Јона, синдикален лидер.
Страв од нов бран во зима
Според податоците од оксфордската датотека „Нашиот свет во податоци“, во Германија, 64,7 проценти од населението е целосно вакцинирано, додека 3,2 проценти примиле барем една доза. Податоците од Министерството за здравство велат дека најмалку 85% од луѓето над 60 години се целосно вакцинирани, но загрижува фактот што милиони луѓе се уште не примиле ниту една доза.

Сега стравувањата се дека зимата може да донесе нов бран на корона. Тоа се случи минатата зима, кога вториот бран ја погоди Германија. Министерот за здравство предупреди дека стапката на вакцинација не е доволна за да гарантира дека нема да се повтори сценариото и дека поради тоа, потребно е дополнително да се забрза процесот на вакцинација.
Од друга страна, на Германците им се чини дека најлошото помина. Само 42 проценти од испитаниците во неодамнешното истражување изјавиле дека се загрижени за зголемувањето на бројот на заразени. За споредба, во слично истражување спроведено во текот на летото, резултатот беше 62 проценти.

Летово, Германија се обиде да го зголеми бројот на вакцинирани, давајќи им бенефиции на оние кои ќе одлучат да примат една од одобрените вакцини.
За време на рестрикциите, германските власти објавија дека на фризер, во зоолошката градина и на други места ќе се оди само со потврда за вкцинација, и дека нема да мора да одат во карантин и да се тестираат кога ќе се вратат во Германија од странство. За вакцинираните, исто така, не важеше правилото за ограничен број лица кои може да присуствуваат на настан, како и правилата поврзани со полицискиот час.