Досега, во Германија секој граѓанин можеше да се тестира еднаш неделно бесплатно за ковид-19 во аптека, ординација или импровизирани центри за тестирање
Тестирањето веќе не е бесплатно, освен за деца, бремени жени и луѓе на кои не им е дозволено да се вакцинираат од медицински причини, како и оние кои се ставени во карантин, и треба да добијат негативен резултат
Од денеска во Германија нема бесплатни брзи тестови за ковид-19 за оние кои можат, а ќе одлучат да не се вакцинираат, јавија германските медиуми.
Но, оваа мерка на Владата, чија цел е голем број неопределени луѓе ќе бидат мотивирани да вакцинираат, наиде на критики кај некои лекари.
Досега, во Германија секој граѓанин можеше да се тестира еднаш неделно бесплатно за ковид-19 во аптека, ординација или импровизирани центри за тестирање. Резултатот од брзиот тест за антиген се добива за 20 до 30 минути, обично преку е-пошта.
Од 11 октомври, тестирањето веќе не е бесплатно, освен за деца, бремени жени и луѓе на кои не им е дозволено да се вакцинираат од медицински причини, како и оние кои се ставени во карантин, и треба да добијат негативен резултат.
Постојаната комисија за вакцинација од неодамна препорача вакцинирање бремени жени и тинејџери на возраст од 12 до 18 години, така што тестовите за нив ќе бидат бесплатни до крајот на годината, така што секој ќе има можност да се вакцинира.
Владата смета дека плаќањето за тестови дополнително ќе ги охрабри оние кои се двоумат дали да се вакцинираат. Низ Германија, на сила е таканареченото правило за 3G, што значи дека само на вакцинираните, оние што прележале или тестираните им е дозволено влез во затворени делови од ресторани, спортски сали, кина, стадиони и разни настани.