При проверка во системот се пронајдени 3 645 постари случаи на излекувани пациенти, од месец август, кои биле хоспитализирани и испишани без да се информираат болниците, странци и лица без матични лекари. Дополнително се евидентирани уште девет смртни случаи со постар датум
Регистрирани се 344 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, а од направени се 4 962 тестирања, информира Министерството за здравство.
Број на нови позитивни случаи по градови:
Скопје има – 134,
Велес – 33,
Куманово – 27,
Штип – 19,
Струмица – 15,
Битола – 13,
Прилеп и Кочани – по 12,
Охрид – 9,
Кавадарци – 7,
Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 6,
Македонска Каменица – 5,
Радовиш, Виница и Крушево – по 4,
Гостивар, Струга и Гевгелија – по 3,
Кичево, Пробиштип и Богданци – по 2,
Неготино, Свети Николе, Берово и Демир Хисар – по 1
Регистрирани сe 339 оздравени пациенти. Дополнително, како што соопштуваат од МЗ, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3 645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да се информираат болниците, странци и лица без матични лекари): Скопје – 1 583, Тетово – 652, Гостивар – 348, Куманово – 304, Кичево – 214, Прилеп – 84, Охрид – 76, Велес – 61, Битола – 48, Струга – 41, Дебар – 39, Струмица – 31, Ресен – 20, Македонски Брод, Делчево и Гевгелија – по 16, Штип – 13, Крушево и Радовиш – по 12, Кочани – 11, Кавадарци – 10, Неготино – 7, Македонска Каменица и Богданци – по 6, Свети Николе – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Пробиштип – 3, Берово – 2, Крива Паланка – 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале девет лица: Шест починати лица од Скопје (41г, 57г, 68г, 79г, 80г и 85г) и по едно починато лице од Кавадарци(87г), Охрид (80г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно регистерот на починати со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште девет починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се пет лица од Скопје и по едно лице од Куманово, Тетово, Охрид и Штип, на возраст од 40 до 94 години. Од пријавените лица, шест се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 319 879 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194 575, бројката на оздравени пациенти е 180 791, на починати е 6 817, а бројот на активни случаи изнесува 6 967.