Безбедносни експерти не ја отфрлија можноста за ненамерна грешка, ниту за саботажа
Губењето на врската беше втор удар за гигантот на социјалните медиуми во неколку дена, откако „свиркач“ во неделата ја обвини компанијата дека честопати дава предност на профитот наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите
„Погрешната промена на конфигурацијата“ е причина за речиси шестчасовната блокада, која спречи 3,5 милијарди корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се Фејсбук, Вотсап (WhatsApp), Инстаграм и Месинџер, објави компанијата, без да наведе кој ја направил промената на конфигурацијата и дали таа била планирана.
Неколкумина вработени во Фејсбук, кои побарале да останат анонимни, за западни медиуми изјавиле дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на сообраќајот преку интернет.
Проблемите со алатките за комуникација преку интернет и другите ресурси што зависат од мрежата само го искомплицирале проблемот, велат тие. Но, безбедносни експерти не ја отфрлија можноста за ненамерна грешка ниту за саботажа. Фејсбук и Инстаграм почнаа да се поврзуваат на интернет во понеделникот пред полноќ, речиси шест часа по глобалниот пад.
Фејсбук и неговите апликации Ватсап“ и Инстаграм се урнаа вчера доцна попладнето, а некои корисници на Фејсбук почнаа да добиваат делумен пристап до социјалната мрежа околу 23.45 часот.
Губењето на врската беше втор удар за гигантот на социјалните медиуми во неколку дена, откако „свиркач“ во неделата ја обвини компанијата дека честопати дава предност на профитот наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите.
Акциите на Фејсбук, кој има скоро две милијарди активни корисници дневно, ја загубија вредноста по извештајот на свиркачот и паднаа за уште 5,3 проценти вчера во попладневното тргување. Мрежите станаа недостапни бидејќи корисниците не беа упатени на вистинското место преку т.н. DNS-систем чии поставки се контролирани од Фејсбук, што покажува дека проблемот е внатрешен.
Изгледа дека надворешен упад е помалку веројатен, јавија американски медиуми. Фејсбук призна дека корисниците имаат проблеми со пристапот до неговите апликации, но не даде никакви детали колку врз нив влијаел прекинот на работата.