Дополнително се пријавени уште три починати лица, со датум на смрт на 29 септември и на 3 октомври
Направени се 1 876 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19 во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство:
Скопје – 99,
Велес и Кочани – по 14,
Кавадарци – 12,
Штип – 11,
Свети Николе – 8,
Куманово – 6,
Охрид – 5,
Струмица – 4,
Прилеп, Виница и Пробиштип – по 2,
Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1 .
Регистрирани сe 523 оздравени пациенти од:
Скопје – 153,
Охрид – 98,
Струга – 73,
Куманово – 28,
Кочани – 19,
Велес и Штип – по 18,
Тетово – 17,
Кичево – 14,
Кавадарци – 13,
Битола – 12,
Струмица – 10,
Свети Николе – 7,
Прилеп, Гостивар и Крива Паланка – по 5,
Пробиштип, Берово и Валандово – по 4,
Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 3,
Неготино, Ресен, Дебар и Делчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: Пет починати се од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г), а во други градови има по еден смртен случај – Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, од „Мој термин“, се пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт на 29 септември и на 3 октомври. Починатите лица се од Скопје, Струмица и од Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Еден од нив починал во болнички услови, а другите двајца дома.
Досега во земјата се направени вкупно 1 301 702 тестирања на ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192 654, бројката на оздравени пациенти е 174148, на починати е 6 719, а бројот на активни случаи изнесува 11 787.