Тајните документи ги разоткриваат офшор зделките на кралот на Јордан (Абдула Втори), претседателите на Украина (Владимир Зеленски), Кенија (Ухуру Кенијата) и Еквадор (Гиљермо Ласо), премиерот на Чешка (Андреј Бабиш) и поранешниот британски премиер Тони Блер
Меѓу останатите звучни имиња за кои документите откриваат финансиски малверзации се и индиската суперѕвезда на крикетот, Сачин Тендулкар, колумбиската поп-пејачка Шакира, германската супермоделка, Клаудија Шифер, но на листата ги има и министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан
Новата афера „Пандора документи“ што денеска ја објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) открива како влијателни светски личности, сегашни и поранешни премиери, претсетадели на држави, славни спортски личности и личности од шоу-бизнисот криеле милионски средства на сметски низ земјите кои се даночни раеви, најчесто на Девствените острови.
На ова новинарско истражување кое е најобемното досега работеле 600 новинари од целиот свет, а за две години имале за задача да прочешлаат речиси 12 милиони протечени документи. Истражувањето покажува финансиски тајни на 35 сегашни и поранешни светски лидери, повеќе од 300 политичари и функционери од 91 земја и територии.
Тајните документи ги разоткриваат офшор зделките на кралот на Јордан (Абдула Втори), претседателите на Украина (Владимир Зеленски), Кенија (Ухуру Кенијата) и Еквадор (Гиљермо Ласо), премиерот на Чешка (Андреј Бабиш) и поранешниот британски премиер Тони Блер. Во датотеките се наведени и финансиските активности на „неофицијалниот министер за пропаганда“ на рускиот претседател Владимир Путин, како и на повеќе од 130 милијардери од Русија, САД, Турција и други држави.
Од ИЦИЈ објавија дека документите откриваат дека моќниците низ светот кои можеле да помогнат да се стави крај на офшор системот, наместо тоа, тие профитирале од истиот.

Мeѓу илјадниците откриени финансиски афери, документите покажуваат дека чешкиот премир за 22 милиони долари купил огромен луксузен имот во Франција, а пак поранешниот британски премиер Тони Блер, затаил данок од 400 илјади фунти.
Меѓу позвучните имиња за кои документите откриваат финансиски малверзации се и индиската суперѕвезда на крикетот, Сачин Тендулкар, колумбиската поп-пејачка Шакира, германската супермоделка, Клаудија Шифер, но на листата ги има и министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан.

Врз основа на 12-те милиони документи, откриено е дека милијарди долари се скриени во даночните раеви ширум светот. Светските лидери и разни службеници или луѓе поврзани со нив имаат скриено богатство, избегнуваат да платат данок и перат пари.
Поединечни стории поврзани со овие документи објавија повеќе медиумски куќи кои соработувале со ИЦИЈ на обемното истражување како Би-би-си, Гардијан, Вашингтон пост, ОЦЦРП, Крик и други.
Поединечните афери врзани за политичарите може да се погледнат тука.