Според податоците, околу 120 до 160 илјади луѓе секојдневно се заразуваат со ковид, а во просек починуваат по 2 илјади лица
Болници во поединечни делови од САД се преплавени со ковид-пациенти и тоа оневозможува лекување на други пациенти, рече директорката на Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски. Според неа, здравствените установи во некои делови на САД се во многу тешка ситуација и полни со невакцинирани луѓе.
„Снемува болнички кревети. Другите пациенти не можат да добијат соодветна помош ако, на пример, доживеат сообраќајна несреќа, срцев удар или дрго. Затоа се обидуваме да ги убедиме луѓето да се вакцинираат, особено во областите каде што има многу ковид-пациенти. Невакцинираните луѓе имаат 10 пати поголема веројатност да завршат во болница отколку оние кои ја примиле вакцината“,
вели Валенски пренесуваат американските медиуми.
Пред неколку месеци се чинеше дека САД се подготвени да воспостават контрола над ширењето на коронавирусот, но делта сојот ги искомплицира работите и доведе до зголемување на инфицираните, како и зголемување на смртните случаи.
Според податоците, околу 120 до 160 илјади луѓе се заразуваат секојдневно, а во просек починуваат по 2 илјади лица.
Иако повеќе од 183 милиони луѓе се вакцинирани во САД, околу 70 милиони одбиваат да примат вакцина против.
Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, вкупно во светот се дадени повеќе од шест милијарди вакцини, поточно 6,6 милијарди луѓе примиле барем една доза.
На почетокот на месец септември годинава, ЦДЦ објави студија која покажа дека невакцинираните лица имаат 17 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани поради компликации од ковид-19 отколку луѓето што се целосно вакцинирани.
Според резултатите од истражувањето, невакцинираните возрасни лица имаат 17 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани, вклучително и во период кога беше доминантен делта-сојот, покажува истражувањето.
„Вакцините продолжуваат да играат критична улога во спречувањето сериозна клиничка слика на ковид-19 и остануваат високоефикасни во спречувањето на хоспитализациите“,
се наведува во истражувањето.