По трагедијата која ја преживеаја тие биле прегледани и од психијатри
Дванаесетте пациенти кои го преживеаа пожарот во тетовската ковид- болница се релативно добро и сите се на кислородна поддршка. По трагедијата која ја преживеаја тие биле прегледани и од психијатри.
„Тоа се пациенти кои биле трауматизирани од психолошка природа и бе прегледани од психијатар. Констатирано е дека се работи за стрес од ситуацијата која тие ја преживеаја. И сите се во релативно добра состојба, сите се на кислородна поддршка. Очекуваме идните денови да бидат подобро и да бидат пуштени дома“,
изјави денеска д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот ковид-центар.
Во пожарот пред три дена во модуларната болница, загинаа 14 лица. Од нив 12 се пациенти и две се надворешни лица.
Дванаесет од 26-те пациенти кои биле во овој објект за време на пожарот, се сместени во тетовската болница.
Д-р Нуредини, во врска со состојбата со ковид во изминатите 24 часа, рече дека нема починати од ковид-19, додека има нови пет примени на болничко лекување и 75 амбулантски прегледи.