Со пожарот е зафатена површина од околу 200 хектари нискостеблеста шума, трња и габер
Велешкото одделение на Центарот за управување со кризи соопшти дека, според информациите добиени од противпожарната служба на Велес, пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појавил покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред железничката станица „Рајко Жинзифов“ кај село Сл’п, е локализиран.
Зафатена е површина од околу 200 хектари нискостеблеста шума, трња и габер.
„Тоа што минувачите на автопатот Скопје-Велес гледаат чад, е поради трупците од дрвото габер кое беше зафатено и сега тие тлеат. На терен се дежурни екипи кои патролираат по локацијата. Чадот ноќеска се спушти по реката Вардар до Велес и затоа имаше мирис на изгорено“,
изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.
Според информациите од екипата на шумското стопанство „Бабуна“ и месно население кои се на терен, не постои можност за проширување на пожарот кон селото Карабуњиште и се очекува дека во текот на денот ќе биде ставен под контрола, велат од ЦУК.