Се уште гори големиот шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов“ во близина на Велес. Гопри нискостеблеста дабова шума, трње и треба, јавува дописничкатана МИА.
Пожарот се жири на потегот кон селото С’лп, но засега како што информираат од МИА од Територијалната противпожарна единица Велес, нема опасност да се прошири во селото.
Екипа од ТППЕ Велес веднаш отишла на терен и се уште работи на гаснење на пожарот. Интервенираат осум пожарникари со две противпожарни возила. Оттаму за МИА посочиле дека пожарот кај нив бил пријавен во 13:10 часот.