Израелскиот претседател, покрај честитките за јубилејот на независноста на нашата земја, упатил и најдлабоко сочувство за загинатите во пожарот во Тетово
Претседателот Стево Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Државата Израел, Исак Херцог.
Херцог, во негово лично име и во име на граѓаните на Државата Израел, упатил најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и до граѓаните на Северна Македонија.

Воедно, во телефонскиот разговор, израелскиот претседател упати честитки до претседателот Пендаровски и до граѓаните на Северна Македонија по повод 8 Септември, Денот на независноста, констатирајќи дека земјата помина тежок пат од независноста до денес,
Како две традиционално пријателски земји, Израел ќе продолжи да ги унапредува билатералните односи и да ја поддржува Северна Македонија, посочил Херцог во телефонскиот разговор.