Досега 83 проценти од Данците над 12-годишна возраст се целосно вакцинирани
Меѓутоа, за патниците што влегуваат во земјата од странство ќе останат некои ограничувања во сила. Дали е потребен тест за влез во Данска, зависи од земјата или регионот од кој лицето влегува во земјата
Данска од денеска ги укинува преостанатите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот што властите го правдаат со високиот процент на вакцинирана популација.
Луѓето повеќе нема да мора да покажуваат потврда за ковид-статусот, односно дека се вакцинирани, дека прележале или имаат негативен тест, дури и на големи настани како фудбалски натпревари или во ноќни клубови кои неодамна се отворија.
Данска повеќе нема да го класифицира ковид-19 како „социјално ризична“ болест.

Во текот на изминатите неколку месеци владата постепено ја укинуваше обврската за носење маски и други мерки.
Ноќниот живот повторно беше дозволен на почетокот на месецот, по година и пол откако беше забранет. На почетокот луѓето мораа да покажат потврда за ковид-статусот.
Ова барање е исто така укинато за барови, спортски сали и други активности.
Министерот за здравство Магнус Хенике кон крајот на август најави дека целосното укинување на мерките е можно благодарение на големиот број вакцинирани.
Досега 83 проценти од Данците над 12-годишна возраст се целосно вакцинирани.
Меѓутоа, за патниците што влегуваат во земјата од странство ќе останат во сила некои ограничувања. Дали е потребен тест за влез во Данска, зависи од земјата или регионот од кој лицето влегува во земјата.
И Шведска од 29 септември ќе ги укине речиси сите преостанати епидемиолошки мерки, а одлуката е со исто образложение – високиот процент на вакцинирани.