Авторите на филмот „Медена земја“, кој е во конкуренција за „Оскар“ во две категории, продефилираа на црвениот килим пред театарот „Долби“ во Лос Анџелес, пред почетокот на церемонијата на доделувањето на престижните статуетки.
Фотографии од „медените“ на црвениот килим се објавени и на Инстаграм-профилот на Младинскиот културен центар.
На истиот профил е објавено и видео од кратко интервју на режисерите на „Медена земја“, Тамара Котевска и Љубомир Стефанов“, за „Асошиејтед Прес“.