Освен со Шилегов, Ерион Велиај денеска имаше средба и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и со првиот вицепремиер, Артан Груби
Градоначалникот на Тирана Ерион Велиај денеска прошета со велосипед низ Градскиот парк во Скопје, заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Велиај, кој е во еднодневна посета на Скопје, разговарал со Шилегов за концептот на зелени градови, за планирањето на просторот и за урбаната отпорност, соопштија од град Скопје.
Двајцата градоначалници размениле искуства и за одржлив урбан транспорт, инфраструктурни решенија и подигнување на комуналната хигиена.
Скопје и Тирана се збратимени од 2016 година.






Велиај денеска имаше средба и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и со првиот вицепремиер, Артан Груби. Ахмети и Груби, како што соопштија од кабинетот на првиот вицепремиер, дискутирале со градоначалникот на Тирана за работите што се очекува да почнат наскоро за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, „како важна артерија која ќе биде поврзувачки мост на градот Скопје со Коридорот 8 и патот што води кон Косово“.